Top Sport

На Ајакс не му оди – по испаѓањето од Европа, пораз од Алкмар! (видео)

Ако минатата сезона можеше да се нарече сезона од соништата за Ајакс, 2019/20 може на крајот да биде кошмарна за „копјаниците“, откако на својата „Јохан Кројф арена“ загубија со 0:2 од директниот ривал за титулата, АЗ Алкмар, кои сега се израмнети со 53 поени заедно со нив на врвот на табелата.

Алкмар дојде во водство уште во четвртата минута со голот на Мајрон Боаду, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашните.

Во второто полувреме, Ајакс се обидуваше да дојде до гол за израмнување, пред во 74. минута, Усама Идризи да го реши победникот.

Алкмар во историјата има две титули од Ередивизие, последната во 2009 година.

Scroll to Top