Top Sport

На аукција сребреното „Порше 911“ на Диего Марадона

Автомобилот „Порше“, чии сопсвеник, бил Диего Армандо Марадона, од денес се наоѓа на аукција. Интернет-аукцијата ќе трае до 10.март, а почетната цена на возилото изнесува 200.000 евра.

Зошто ова сребрено „Порше 911“ е толку посебно?

Диего Марадона, го возел во 1992 година, додека бил играч на Севилја. Таа сезона во Севилја е неговата последна на европска почва. Марадона, во Севилја пристигна откако ја одработи 15-месечната суспензија, поради позитивниот тест на кокаин.

Марадона, таа сезона, често беше присутен во медиумите. Со „Поршето“ кое сега се наоѓа на аукција, бил запрен од полициска патрола бидејќи во центарот на Севилја, поминал на црвено светло, со брзина од 108 километри на час.

Возилото на акцијата доаѓа со поминати 120.000 километри.

„Го возел само Марадона и поради тоа овој автомобил вреди два или три пати повеќе од стандардниот автомобил од оваа серија“, рекол Грегори Туитенс, стручњакот за автомобили во акциската куќа „Бонхамс“.

Scroll to Top