Top Sport

На Барса и „фалат“ 200 милиони евра за да ги регистрира Гави и Араухо

На Барселна им недостасуваат фантастични 200 милиони евра за да ги регистрираат „фудбалерите од академијата“ Гави и Роналд Араухо, тврдат шпанските медиуми.

Според „Мундо депортиво“, според новите правила кои стапија на сила во ноември, приходот на Барселона дозволува лимит од околу 400 милиони евра, но во реалност се работи за 600 милиони евра, што значи дека тие мора да ги надополнат овие средства преку намалувања на платите, нови спонзорски договори или трансфер на играчи.

Иако реалната разлика во лимитот е околу 3 милони евра, новите договори на Араухо (април) и Гави (септември) со откупни клаузули од милијарда евра засега остануваат нерегистрирани и тие играат под своите стари договори. Жерард Пике и Мемфис Депај веќе не се на платниот список на Барселона и останува да се види дали Барса ќе продаде уште некој до крајот на зимскиот преоден рок.

Scroll to Top