Top Sport

На сите им е виновен Роналдо – саудиски новинар се потсмеваше со Португалецот

Стартот на новата фудбалска епизода во животот на Кристијано Ронало во Саудиска Арабија не поминува најдобро, откако тој беше прогласен за најголем виновник за 3:1 поразот на неговите Ал-Наср од Ал-Итихад во вчерашното полуфинале на Саудискиот Суперкуп.

Покрај тоа што доби извици „Меси, Меси“ од навивачите на стадионот, а тренерот Руди Гарсија го критикуваше откако нема гол во 180 минути конкурентни мечеви за Ал-Наср, на социјалните мрежи се појави и снимка на саудискиот новинар Ибрахим Ал-Фарјан, кој се потсмеваше со Португалецот со неговиот славен „сиу“ повик.

И покрај тоа што на социјалните мрежи се тврди дека Ал-Фарјан е еден од газдите на клубот, сепак, се работи за новинар кој е задолжен за саудиската репрезентација и за Ал-Наср.

Францускиот тренер на неговиот тим, Руди Гарсија, пак по мечот изјави дека пресвртница било големото промашување на Роналдо при резултат 0:0.

„Една од работите кои го сменија текот на мечот беше пропуштената шанса на Кристијано во првото полувреме“, призна Гарсија.

@kora_sport #كاس_السوبر_السعودي #الاتحاد #الفيحاء ♬ الصوت الأصلي – كورة سبورت

Scroll to Top