Барселона добила „нож во грб“ кога Винисиус Жуниор потпишал за Реал Мадрид, смета поранешниот главен скаут на каталонскиот клуб во Јужна Америка, бидејќи тие биле предадени кога мислеле дека имаат договор.
Пред во текот на летото 2017 година тој да премине од Фламенго во Реал Мадрид, Барселона неколку години го следела неговиот развој и сметале дека имаат договор, пред „кралевите“ да ја искористат таткиката на агентите на тинејџерот, тврди Андре Кури.
„Бевме три и пол години пред Реал за Винисиус. Неговите агенти Фредерико Пења и Стефано Хавилја не предадоа. Имаа договор со Барселона, бев добар пријател со нив, но во клучен момент ни забија нож во грб. Петнаесет дена пред да потпише за Мадрид, Винисиус кажуваше дека е фан на Барса, дека негов идол е Нејмар и дека Лионел Меси е подобар од Кристијано Роналдо. Во тоа време неговите агенти и неговиот татко беа во Барселона. Вагнер Рибеиро го информираше Флорентино Перез и тој ги покани во Мадрид во сабота. Тие ни кажаа дека ќе одат и дека нема ништо да се случи бидејќи тој веќе е фудбалер на Барселона. Го имавме нивниот збор. Се вратија во Барселона, го склучија договорот, се ракуваа и потоа исчезнаа“, вели Кури.
Пења претходно тврдеше дека Барса понудиле повеќе пари од Реал, но дека Винисиус повеќе го сакал проектот на „кралевите“.