Top Sport

ПСЖ одбиле 300 милиони евра од Реал за Нејмар

Вагнер Рибеиро, поранешниот менаџер на Нејмар, тврди дека Реал Мадрид подготвиле 300 милиони евра за негов трансфер во 2019 година, но дека од Пари Сен-Жермен им било јасно кажано дека таков трансфер е невозможен и за милијарда евра.

ПСЖ го срушија рекордот за трансфери во 2017 кога платија 222 милиони евра за откупната клаузула на Нејмар со Барселона, но од тој момент постојано се шпекулира за негово враќање во Шпанија. Сепак, 29-годишниот Нејмар остана во Париз и според последните вести е подготвен за нов договор со францускиот клуб.

„Тогаш тој беше блиску до Реал Мадрид, кои беа подготвени да платат 300 милиони евра. Тоа ми го кажа Флорентино Перез, но Насер Ал-Хелаифи го одби тоа. Ми кажа: ‘Ниту за милијарда, нема да оди никаде’. Ниту еден клуб не може да му го понуди тоа што го има во ПСЖ. Само тие можат да си го приуштат. Мадрид имаат финансиски проблеми . Барса? Уште полошо. Во Италија или Јунајтед или Сити? Не верувам. Во Париз живее убав живот и игра за силен тим. Оваа година ќе го освои трофејот од Лигата на шампионите и ‘Златната топка’“, вели Рибеиро за „Л’Екип“.

Scroll to Top