Герет Бејл нема намера да го напушти Реал Мадрид иако тренерот Зинедин Зидан му соопштил дека нема да го користи оваа сезона. Велшанецот има цврст договор кој важи во наредните три сезони, што претставува проблем за Реал. Ниту еден клуб нема намера да му понуди помеѓу 15 и 17 милиони евра по сезона. Или сепак има?
Шпанските медиуми објавија дека се појавил тим што му нуди на Бејл двојно поголема плата од онаа што ја добива во Реал. Понудата на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнала од Кина, неименуван клуб му понудил на Бејл годишна плата од 30 милиони евра.
Реал треба да направи само едно нешто, да го пушти Бејл без обесштетување. Ваков развој на настаните е возможен ако се знае дека „кралскиот клуб3 се обдува да се ослободи од големиот договор што го има Бејл.
Бејл последен пат за Реал играл на 28 април.