Герет Бејл, по синоќешниот меч со Барселона, во Купот на Кралот, стана играч на кого му се смее пола Шпанија. Велшанецот, кој не е омилен во соблекувалната, а тоа јавно го покажа во неделата на мечот со Леванте, се „истакна“ со удар недостоен за играч со таков потенцијал.
Бејл, полу-финалниот реванш со Барселона го започна од клупата за резерви, а на теренот влезе во 68 минута. Кога тој влезе во игра резултатот беше 0:1, а во наредните четири минути Барселона постигна два гола за конечни 0:3.
До 82 минута Велшанецот беше незабележителен на теренот, а потоа направи потег кој шпанскиот коментатор кратко го искоментира: „Madre mia (Мајко моја)“.
Бејл доби добра топка во простор од Карим Бензема, тргна кон Тер Штеген, а потоа се обиде со надворешна да постигне гол. Ударот беше толку лош, а топката заврши шест-седум метри крај голот во петтиот ред на трибините.