Како и секогаш кога некој од великаните на турскиот фудбал ќе гостува во Германија тоа предизвикува голем интерес кај навивачите кои живеат во оваа земја. Токму тоа се случува и за вечерашното гостување на Бешикташ на „Алијанц арена“ во Минхен, кај најславниот германски клуб, Баерн.
Турски навивачи на стадионот ќе има, иако Бешикташ го врати својот контигент од 3.500 билети, од претпазливост неговите навивачи да не предизвикаат сличен инцидент како оној во Лион, поради што клубот би се соочил со ризична казна од УЕФА.
Меѓу оние навивачи на Бешикатш кои ќе бидат на „Алијанц арена“ ќе ги нема извесниот Ерден Бесли и неговите 126 пријатели. Бесли е турски државјани кој од најрана возраст живее во Минхен.
Тој сакал да ги изненади своите пријатели и колеги со влезници за вечерашниот дуел, ги набавил и на крајот на бизарен начин останал без нив.
Бесли најрвин резервирал, а потоа купил 127 билети, но нема да ја оствари намерата да ги изненади пријателите.
A German football fan loses 127 tickets for Bayern Munich v Besiktas after leaving them on his car roof ?
“I scored an own goal,” admits Turkish football fan Erdem Besli who was hoping to treat his friends and work colleagues.
➡️https://t.co/5JYGTBY546 pic.twitter.com/Y7eapDJgMY— FourFourTwo ⚽️ (@FourFourTwo) February 19, 2018
Тој билетите ги купил преку сајтот „e-bay“, го носел во кутија, а на аптот кон својот дом застанал во локалниот супермаркет. Потоа тој продуктите ги ставил во багажникот, а кутијата каде што биле билетите ја оставил на неговиот покрив. Кога стигнал пред својот дом му станало јасно дека билетите останале на покривот од авотмобилот.
Германските медиуми шпекулираат дека за билетите издвоил околу 10.000 евра.
Несреќниот навивач случајот го пријавил во полиција, но сепак дуелот ќе го гледа дома пред телевизор.