Поранешниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш е обвинет дека силувал млада жена во ноќен клуб во Барселона на 30. декември минатата година.
Нему ќе му се суди за сексуален напад, правна категорија која вклучува силување, соопшти Високиот суд на Каталонија.
Се уште не е одреден датумот кога ќе започне судењето, соопшти судот, додавајќи дека обвиненијата против поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен, кој е во затвор од јануари, ќе бидат истите оние кои се споменуваат во истрагата.
Алвеш е обвинет дека силувал млада жена во ноќен клуб во Барселона на 30. декември минатата година.
40. годишникот негира дека е виновен, а во интервју минатиот месец истакна дека неговата „совест е чиста“ и дека жената „се согласила да има секс“.
Тој е во шпански затвор поради „висок ризик од бегство“ во Бразил, кој, како и многу други земји, не ги екстрадира своите граѓани.
Алвеш во досегашната кариера има освоено 43 титули, вклучувајќи три Лига на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил.