На денешен ден пред точно 28 години Црвена ѕвезда ја освои титулата во Купот на европските шампиони. На стадионот во Бари, Црвена ѕвезда на пенали го победи Олимпик Марсеј 5:3, откако во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши 0:0.
Дел од тимот кој го оствари историскиот резултат беа двајца Македонси Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Пенал серијата ја отвори голманот на Црвена ѕвезда, Стеван Стојановиќ кој му го одбрани пеналот на Мануел Аморос.
Капитенот на Марсеј беше единствениот кој не погоди во пенал серијата. Стрелци за Црвена ѕвезда беа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев.
На патото до финалето пред Црвена ѕвезда паѓаа Грасхоперс (1:1, 4:1), Глазгов Ренџерс (3:0, 1:1), Динамо Дрезден (3:0, 2:1) и Баерн Минхен (2:1, 2:2).