Top Sport

Кирјос го искршил скапоцениот автомобил, па се повлекол од турнирите во Виена и Париз (Видео)

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос го откажал настапот на турнирот во Виена и Мастерсот во Париз. Во Виена на неговото место ќе игра Лоренцо Сеного, а во Париз Јан Ленард Штруф.

Кирјос настапот го откажал по неодамнешната сообраќајна несреќа што се случила во близина на Камбера.

Во местото Бонер автомобилот „Доџ челинџер СРТ“, во кој бил Кирјос удрил во столб крај патот. Се уште не е објавен идентитетот на лицето што управувало со автомобилот кој вреди 300.000 долари.

Во Австралија има само четири автомобили од оваа марка.

Кирјос во Виена и Париз нема да игра поради повреда на рамото.

Видеото од несреќата можете да го погледнете ОВДЕ.

Scroll to Top