Top Sport

На Дракслер му е забавна приказната со мексиканските проститутки

Пред стартот на одбраната на титулата на Германија, нивниот играч од средниот ред, Јулијан Дракслер вели дека уживал во неодамнешните приказни на мескиканските таблоиди за наводната забава со 30-тина проститутки пред патувањето во Русија.

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Дракслер признава дека сите се информирани за неконвенционаланта роденденска забава на Хавиер Хернандез Чичарито, на која девет фудбалери добро се забавувале по 1:0 победата во пријателскиот меч со Шкотска во Мексико Сити на 3 јуни.

„Мислам дека таа забава нема да има никакво влијание на нашиот меч. Не ги знам точните детали и не сакам да зборувам премногу, но беше навистина забавно да се прочитаат сите тие вести. Иако, се сомневам дека многу од тоа што беше напишано е вистина. Сигурен сум дека Мексиканците сега размислуваат на фудбал, а не на забава“, вели Дракслер.

Изненадувачки, но ова не е прват мексикански фудбалери да се поврзуваат со „луди“ забави пред Мундијалите.

Во 2010 година, Ефраин Хуарез и Карлос Вела добија суспензии од шест месеци откако присуствуваа на слична забава, додека во 2011 година, мексиканските фудбалери добија казна за тоа што ангажирале проститутки на гостувањето во Еквадор.

Фото: ЕПА

Чичарито тврди дека немало „придружнички“ на забавата, но видеото покажува поинаку (видео)

Scroll to Top