Top Sport

На ѕвездата на Селта, Санти Мина му се заканува осумгодишна затворска казна

Ѕвездата на Селта Виго, Санти Мина може да биде осуден на осум години затвор откако шпанските медиуми потврдија дека ќе има судење за случајот за сексуален напад на жена во 2017 година.

Според новинската агенција „Ефе“, Мина ќе оди на судење пред Врховниот суд во Андалузија, иако датумот не е потврден, а поранешниот У-21 репрезентативец на Шпанија може да добие казна од осум години затвор.

Според нивните извори, Мина на 16 јуни 2017 година ја искористил шансата што неговиот пријател, дефанзивецот на Ибиза, Давид Голдар излегол со девојка во паркиран автомобил во близината на дискотеката „Мохакар“, по што се обидел да „го задоволи сексуалниот апетит“, влегувајќи гол во автомобилот додека жената и Голдар биле внатре.

Покрај затворска казна, обвинителот во Андалузија бара мерка за забрана на приближување на 500 метри до жртвата во период од 10 години, и 60.000 евра компензација. Случајот започнал во декември 2019 година со обвиненија против Мина и Голдар, но Голдар потоа бил ослободен од обвинувањата.

Мина имаше 13 гола во 35 настапи за Селта оваа сезона, и беше човекот кој стави крај на надежите на Барселона за титулата со 2:1 победа на неговите два гола на „Ноу Камп“.

Scroll to Top