Германскиот бундеслигаш Унион Берлин на своите социјални мрежи објави дека голманот Беркин Арсланогулари се бори со рак на коските.
Клубот истакна дека на 19-годишниот голман му е потребна поддршката од навивачите.
Но, она што не клубот не сакаше да го открие, го направи германски „Билд“. Според овој медиум на Арсланогулари му била ампутирана потколеницата од левата нога.
Тоа, се посочува, бил единствениот начин да се запре ширењето на болеста.
„Лекувањето, рехабилитацијата и новите услови за живот чинат многу, а финансиските можности на неговото семејство се исцрпени. Еден пријател на семејството затоа започнал кампања за собирање средства“, вели „Билд“.
Арсланогулари ги помина сите младински категории на клубот од Берлин, а првиот тим дебитираше на пријателски натпревар во март.
„Веќе надминав многу препреки во мојот живот. Ќе се борам против оваа болест со сите средства што ги имам. Им благодарам на сите“, ја пренесува неговата изјава „Билд“ и додава дека младиот човек е на хемотерапија.