Антоан Гризман вели дека веќе му е „преку глава“ од шпекулациите за трансфер во Барселона, по новите шпекулации дека и покрај новиот договор со Атлетико Мадрид, тој ќе се пресели во Каталонија.
Лани, иднината на францускиот фудбалер беше дел од една долга „сага“, пред тој да потпише продолжување на договорот со „рохибланкос“ и објавата да ја направи преку бизарен документарен филм. Ова не стави крај на шпекулациите за трансфер во Барселона, посебно откако Каталонците направија предност од 10 поени пред Атлетико во Ла лига, и по елиминацијата на Атлетико од Јувентус во ЛШ.
„Веќе се навикнав да зборуваат за тоа, но малку веќе ми е мака, бидејќи секоја година се зборува истото. Да, елиминацијата во Лигата на шампионите беше тешко да се прифати, но јас секогаш сум бил самоуверен и знам дека мојот тим ме треба и ќе завршиме добро оваа сезона“, вели Гризман.