Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е сигурен дека неговиот поранешен колега од Барселона, Хулен Лопетеги ќе добие нова шанса да се докаже во голем клуб, откако неговиот ангажман на клупата на Реал Мадрид траеше само 14 натпревари
Неделниот пораз од Барселона од 5:1 беше причината Лопетеги да добие отказ и на негово место привремено да дојде Сантијаго Солари. Гвардиола вели дека ова не треба да е крај за Баскиецот.
„Жал ми е за Хулен бидејќи тој е мој пријател и исклучителна личност. Игравме заедно во Барселона и имаме добри односи и би сакал да се чуеме во следните неколку денови. Но, тоа е што е. Тоа е фудбалот и никој не може да го избегне тоа. Кога имате лоши резултати не можете да продолжите на големи места како Барселона и Мадрид – или победуваш или не добиваш втора шанса. Но, во фудбалот има втори шанси и Хулен ќе добие втора шанса и ќе ја покаже својата вредност“, вели Гвардиола.