Top Sport

На хрватските навивачи не им се допаѓаат новите дресови: „Катастрофа, како да сме Војводина“

Националните сојузи во пресрет на ЕУРО 2024 ги презентираат нови комплети опрема во која ќе настапат на континеталниот шампионат. Новиот изглед на опремата во која ќе настапат Хрватите ја налути јавноста.

Иако се уште не е официјално претставен, на социјалните мрежи се појави изгледот на новите дресови.

Анкетата на хрватскиот медиум „Индекс“ покажува дека над две третини од испитаниците (повеќе од 3.000 луѓе) сметаат дека црвено-белиот дрес е лош.

Хрватите издвоија неколку коментари кои најдобро го опишуваат мислењето на јавноста.

„Овој главниот дрес е катастрофа, личи на дресот на ФК Војводина. Вториот е ок.“,

„Синиот дизајн требаше да се примени и на црвено-белите. Вака навистина е грд“, беа само дел од негативните коментари.

Репрезентацијата на Хрватска на Европското првенство ќе ги одмери силите во групата Б против селекциите на Албанија, Италија и Шпанија.

Scroll to Top