Top Sport

На Интер му беа потребни продолженија да го елиминира Емполи

Интер прво успеа да се спаси од неочекуван пораз од Емполи со гол во 91. минута, за во продолженијата да го совлада жилавиот ривал со 3:2 и да се пласира во четврт-финалето на Копа Италија.

Мечот започна со брза замена за тимот на Симоне Инзаги, откако Хоакин Кореа се повреди, а на неговото место влезе Алексис Санчез во 5. минута. Само седум минути подоцна, Чилеанецот и покрај тоа што беше еден од најниските фудбалери на теренот постигна гол со глава за 1:0.

Недим Бајрами успеа да израмни за Емполи во 61. минута, пред Кутроне, со помош на голманот на Интер, Андреј Раду ја смести топката во голот. Кога изгледаше дека гостите од Емилија стигнаа до славна победа, Андреа Ранокија во 91. минута по асистенција на Един Џеко израмни на 2:2. Во продолженијата, замената Стефано Сенси, фудбалер кој се верува дека ќе замине на позајмица во Сампдорија до крајот на зимскиот преоден рок, во 104. минута ја потврди победата на „нераѕурите“

Интер во четврт-финалето ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Рома и второлигашот Лече.

Scroll to Top