Top Sport

Бензема веќе има повеќе голови од минатата сезона! (видео)

Карим Бензема го постигна единствениот гол во мадридското „дерби“ меѓу Реал Мадрид и Рајо Валјекано за уште во декември да има постигнато повеќе голови отколку целата мината сезона.

Голот во 13. минута со кој се обезбеди 1:0 победата, беше шести гол на Французинот во Ла лига, што е еден повеќе од петте гола кои ги постигна минатата сезона. Овојпат, Бензема беше вклучен во целата акција на „Сантијаго Бернабеу“ – прво неговото долго додавање го најде Лукас Васкез, а потоа ја уфрли топката во мрежата на македонскиот голман Столе Димитриевски. Ова е 11. гол за Французинот во сите натпреварувања (еден помалку од 12-те гола кои ги имаше во 2017/18).

Реал се искачи на третото место во Серија А со 29 поени, два помалку од првопласираната Барселона и второпласираниот Атлетико Мадрид.

Фото:ЕПА

Scroll to Top