Top Sport

На Јувентус му се заканува казна од девет бода

Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) во случајот против Јувентус за финансиска измама, кој моментно е во тек, побара на клубот да му бидат одземени девет бода од неговото салдо на табелата.

Тоа значи дека „бјанконерите“ би имале 28 бодови, наместо сегашните 37, со што би биле испратени на осмата позиција.

Поради водење лажно сметководство кон поранешниот прв човек Андреа Ањели и неговите најблиски соработници се води процес, исто како и за клубот.

Scroll to Top