На Лорис Кариус никако да му тргне. Поранешниот голман на Ливерпул стана „хит“ кога во финалето на ЛШ во Лигата на шампионите во 2018 година против Реал прими два „лузерски“ голови, по што ја загуби довербата на Јирген Клоп, кој го прати во Бешикташ.
Ниту во турскиот гигант на Германецот не му оди подобро со неколку „чудни“ грешки во последните неколку месеци.
Денеска, на пријателски меч против Алтинорду повторно удри „клетвата“. По релативно безопасно нафрлање од левата страна, тој се обиде да ја фати топката, која му пројде низ раце и заврши во мрежата.
Како што може да погледнете да долните линкови, Германецот едноставно е преплатен на пацерски грешки.
https://topsport.mk/fudbal/karius-pak-vo-pacerski-element-ovojpat-za-beshiktash-video/
https://topsport.mk/fudbal/karius-ne-zaboravil-da-pravi-gluposti-video/