Top Sport

И најдобрите грешат – Ферги сметаше дека Фил Џонс ќе е легенда на Јунајтед (видео)

Џорџ Бест, Боби Чарлтон, Ерик Кантона, Рајан Гигс, Рој Кин, Данкан Едвардс, Пол Сколс… Тоа се имиња на легендарни фудбалери на Манчестер јунајтед, а името на Фил Џонс никако не припаѓа во ова друштво. Но, Сер Алекс Фергусон, кога го донесе дефанзивецот на „Олд Трафорд“ сметаше дека тој ќе биде „еден од најголемите“.

Ферги плати 16.5 милиони фунти на Блекбурн да го добие централниот бек откако беше импресиониран од неговите лидерски способности при 1:1 ремито во последниот меч од сезоната 2010/11. Тој беше толку импресиониран, што најави дека тој ќе стане „најголемиот“ фудбалер во историјата на Јунајтед.

„Џонс, од тоа што го видов, може да биде нашиот најдобар фудбалер. Мислам дека тој ќе биде еден од најдобрите, без разлика каде ќе игра. На 21 години, потенцијалот е неверојатен, посебно бидејќи може да игра на сите позиции. Има големо влијание на теренот, инстинкт и читање на играта“, изјави тогаш Ферги.

Сега, 27-годишниот Џонс е предмет на потсмев кај навивачите на Јунајтед, а посебно на тие кои го мразат клубот, поради низата грешки кои ги има направено во кариерата.

Scroll to Top