Top Sport

Џастин Тимберлејк повторно на полувремето на Супер болот

Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк ќе биде главниот музичар на шоуто на полувремето на Супер болот во февруари, 14 години откако го имаше (не)славниот настап со Џенет Џексон, кога се покажа голата града на пејачката.

Ова ќе биде трет настап на Тимберлејк на полувремето на најголемото спортско шоу во САД, со што тој станува музичарот со најмногу настапи, потврди НФЛ.

Супер болот е најгледаниот ТВ-настан во САД и привлекува над 100 милиони гледачи. Претходно на оваа сцена настапуваа Лејди Гага, Колдплеј, Ролинг Стоунс, Бијонси, Кејти Пери, Бруно Марс и Мадона.

Scroll to Top