Top Sport

На Клоп не му е проблем да игра во Лига Европа

Сезоната 2022/23 ќе биде најнеуспешната за Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул. На шест кола до крајот јасно е дека „црвените“ нема да изборат пласман во Лигата на шампионите.

Германецот изјави дека не е проблем што тимот наредната сезона нема да биде во елитното фудбалско натпреварување.
„На почетокот на сезоната не мислевме дека пласманот во Лига Европа ќе биде фантастично достигнување, но натпреварувачката година не доведе на овој пат. Ќе земеме што ќе добиеме. Изгледа ќе биде Лига Европа и тоа е сосема во ред“, изјави Клоп.

Петтата и шестата позиција на табелата во најсилниот ранг на англиското фудбалско натпреварување носат пласман во Лига Европа, додека седмото место значи пласман во Конференциската лига. Клоп истакнува дека не е оптоварен со тоа и дека примарна цел на неговиот тим е да пружи најдобри можни игри на преостанатите натпревари до крајот на сезоната.

Scroll to Top