Поранешниот капитен на Ливерпул кој сега работи како аналитичар за „Скај Спортс“, Џејми Карагер, не е задоволен од играта на „црвените“ против Евертон (0:0) и смета дека Јирген Клоп ќе мора да го засили тимот во летниот преоден рок.
„Салах, Фирмино и Мане се најдобриот напад во Европа, но кога нема еден од нив разликата е очигледна. Сетете се само на натпреварот со Манчестер Јунајтед кој заврши 0:0 и тогаш не играше Салах. Ориги е легенда поради сите оние важни голови шти ги има постигнато, но на Ливерпил му треба многу повеќе од тоа. Минамино не е играч по мој вкус, мислам дека Ливерпул мора да се засили во летниот преоден рок“, рекол Карагер.
Ливерпул пред неколку месеци беа фаворити за потписот на Тимо Вернер, меѓутоа Германецот реши да ја прифати понудата на Челси. Јирген Клоп го сака во тимот и Калиду Кулибали меѓутоа Наполи бара 100 милиони евра сума која „црвените“ не сакаат да ја платат.