Top Sport

„На Меси му пречи судењето, а кога тој глумеше судија против ПСЖ“

Изјавата на Лионел Меси со која ги обвини челниците на КОНМЕБОЛ за корупција ја стресе фудбалската јавност во Јужна Америка.

Меси, по мечот за третото место на Копа Америка 2019, одби да го прими медалот, а потоа на новинарите им рекол дека „првенството било наместено за да може Бразил да ја освои титулата“.

Бразилскиот селектор Тите му порачал на Меси да покаже малку почит, а должен не му останал ниту Тијаго Силва.

„Сметам дека Меси ги премина сите граници. Па тој глумеше судија против ПСЖ кога Барселона не победи со 6:1. Ние тогаш не ја оспорувавме победата на неговиот тим“, рекол Тијаго Силва и дополнил.

„Пет пат сме биле светски шампиони, секогаш сме победувале на теренот. Меси нека ги избори трофеите на Бразил“, завршил играчот на ПСЖ.

Scroll to Top