Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо пред стартот на денешниот меч против Брајтон, призна дека неговото семејно куче, Леја починало во текот на божиќните празници, признавајќи дека тоа му предизвикало огромна болка.
Тотенхем го доби мечот со 2:1 со головите на Хери Кејн и Деле Али, што треба да биде мала утеха за Мурињо, откако пред мечот му поставија незгодно прашање како уживал во прославата на Божиќ.
„Да бидам искрен, беше многу тажно бидејќи моето куче почина, а моето куче е дел од моето семејство. Но, мораме да одиме напред“, изјави Мурињо.
Кучето Леја беше јоркшир териер, а пред 12 години беше на насловните страници на англиските медиуми, откако Мурињо беше во конфликт со полицијата и беше уапсен и казнет откако не одговараше на прашањата дали кучето било вакцинирано. На крајот беше утврдено дека се работи за расно куче со сите потребни вакцини.
Sad news to start the day from Jose Mourinho…
Hopefully the football will bring a smile to his face#PLonPrime pic.twitter.com/ihN49HvF4H
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) December 26, 2019