Јувентус се уште се закрепнува од трансферот на Кристијано Роналдо. Според поранешниот претседател Џовани Коболи Џиљи, тој трансфер му донесе многу проблеми на тимот и клубот од Тприно.
Статусот на Кристијано Роналдо во последните денови од преодниот рок се уште не е променет, но тој би можел да се врати во италијанскиот шампионат, пишуваат локалните медиуми кои го поврзуваат со Наполи. Џиљи ја коментираше оваа можност и тврди:
„Не би сакал да го видам повторно во Италија, и покрај наклонетоста што ја имам кон него. Многу го сакам Јувентус и убеден сум дека неговото доаѓање му донесе многу проблеми на клубот, на тренерот и играчите. Јувентус не може да најде решение како да закрепне“, рекол Џиљи и дополнил.
„Имаше проблеми во соблекувалната. Ако некој има плата од 34 милиони евра, а другите заработуваат шест или седум… Не е рационално да се зборува за такви бројки, но тоа е вистината. Наполи има добар тренер, на Лучијано Спалети му оди добро, а неговиот тим е еден од претендентите за освојување на титулата. Доколку го донесат Роналдо тогаш ќе мора да тргнат од почетокот“.