Top Sport

„На одмор сум, нема што да го советувам Сари“

Поранешниот тренер на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, рекол дека нема никаков совет за неговиот наследник Маурицио Сари.

„Апсолутно немам што да го советувам. Повеќе тоа нема никаква врска со мене. Ме интересира само она што следната сезона ќе се случува во Серија. Не се сомневам дека ќе имаме фантастично натпреварување“, рекол Алегри за „Кориере дело Спорт“.

Алегри кој на крајот од сезоната спогодбено се раздели со Јувентус им е интересен на неколку клубови: Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед.

Сепак тој нема намера да работи оваа сезона, најави дека ќе земе едногодишен одмор.

Scroll to Top