Top Sport

Квартараро на пол-позицијата во Каталуња

Младиот француски мотоциклист, Фабио Квартараро, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Каталуња. За возачот на Петронас Јамаха, кој сезонава дебитира во најсилната класа во Мото ГП, ова е втора пол-позиција во кариерата, откако стартуваше од првото мести и на трката во Херез.

Квартараро уште на тренинзите навести дека овој викенд може да биде „негов“. 20 годишникот до пол-позицијата стигна со време од 1:39.484 минути. Во првиот ред на стартот на утрешната трка ќе бидат актуелниот шампион Марк Маркез на Репсол Хонда и Маверик Вињалес на Јамаха.

Зад најдобрите тројца се пласираа Франко Морбидели, Валентино Роси, Андреа Довициозо, Данило Петручи…

Scroll to Top