Top Sport

На „Олд Трафорд“ му спремаат отказ на Мурињо?

Жозе Мурињо (54), од мај 2016 година е менаџџер на Манчестер јунајтед. Во дебитанската сезона со „црвените ѓаволи“ го освои англискиот Суперкуп, Лига купот и Лига Европа.

Меѓутоа, уште сега е јасно дека Португалецот во втората сезона нема да ја оствари најголема цел, а таа е титулата во Премиер лигата.

Јунајтед последен пат во 2013 година ја освои Премиер лигата. Минатата сезона екипата која ја предводи Мурињо заврши на шесттата позиција со 24 бода помалку од Челси кој стана шампион.

Во тековната сезона „црвените ѓаволи“ веќе имаат 13 бода помалку од градскиот ривал Сити.

По вчерашното реми против Лестер (2:2), англиските медиуми објавија дека раководството на клубот ги прекинало преговорите околу продожување на договорот со Португалецот, односно дека на „Олд Трафорд“ веќе се занимаваат со имињата на потенцијалните наследници.

Според обложувалниците во Англија како најсериозни кандидати фугурираат Маурисио Покетино, Масемилијано Алегри, Јоаким Лев, Диего Симеоне и Карло Анчелоти, а во продолжение на листата се и имињата на Луис Енрике, Томас Тухел, Лоран Блан, Пеп Гвардиола, Марсело Биелса, Хорхе Сампаоли, Рајан Гигс, Фабио Капело, Брендан Роџерс и Роналд Куман.

Scroll to Top