Top Sport

На „Паркот на принцовите“ ќе бидат 500-те пожарникари кои ја спасуваа Нотр Дам (фото)

Во 33. коло од француската Лига 1 актуелниот првак ПСЖ има нова можност и теоретски да ја потврди новата титула првак на Франција. За таа цел доволен на „светците“ ќе им биде и бод против тимот на Монако кој сеуште не го осигура опстанокот во лигата.

Сепак, натпреварот се очекува да помине во оддавање почит на храброста на 500-те пожарникари кои учествуваа во гаснењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз.

За таа цел сите пожарникари кои учествуваа во таа мисија ќе се најдат на „Паркот на принцовите“ по специјална покана од домаќините.

И фудбалерите на ПСЖ, но и оние на Монако на дресовите покрај клупските амблеми ќе имаат и знак од катедралата Нотр Дам.


Scroll to Top