Top Sport

Боксерка победува мажи: Цело време ги разбивам нивните носеви (видео)

Американската боксерка, првак во средна категорија Клареса Шилдс (24) тврди дека може да победува и мажи во борбите. Таа минатиот викенд ја декласираше дотогаш непоразената Кристин Хамер.

Американката верува дека е најдобрата боксерка на светот, а порачува и дека е подобра од поголемиот дел боксери.

Тврди дека без проблем може да го победи првакот во велтер категорија, Кеит Турман и Генадиј Головкин, човекот кој од 2010 до 2018 ги држеше четирите главни појаси во средна категорија.

„Спарингувам со мажи, ги рушам, ги разбивам нивните носеви цело време. Мислам дека можам да ги победам Турман и Головкин. Можеби се поснажни од мене, но нивната боксерска техника не е на мое ниво“ – вели Шилдс.

Scroll to Top