Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ поради повреди нема да настапат за српската репрезентација против Шпанија во првото коло од новиот циклус на Лигата на нации.
Веднаш откако му откажаа на селекторот Драган Стојковиќ, српските медиуми лиферуваа информации дека двајцата не се во добри односи со селекторот и дека повеќе нема да играат за Србија додека тој е селектор.
Потврда дека медиумите не „пукале со празни пушки“ е објавата на Ал Хилал, клуб чии дрес го носат Србите Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ.
На видеата кои Ал Хилал ги објави на социјалните мрежи може да се види дека по тренингот во теретана српските репрезентативц одработиле и тренинг-натпревар, односно комплетен тренинг.
Репрезентацијата на Србија го започнува учеството во Лигата на нации, а во првото коло вечерва од 20 часот и 45 минути на стадионот „Рајко Митиќ“ го пречекува европскиот првак Шпанија.