На поранешниот велшки фудбалер и тренер Џон Тошак му е дијагностицирана деменција. Тошак е поранешен селектор на Македонија. Договорот го потшиша на 7 август 2011 година, но откако победи на само еден од осумтте натпревари, ја напушти функцијата на 11 август 2012 година.
Оваа вест ја објави синот на 77-годишникот, Камерон, кој сега е селектор на Тајланд.
„Тоа е ужасна болест. Памтењето е краткотрајно и кога зборуваме за нешто попладне, има голема веројатност дека нема да се сети на тоа наутро. Но, кога ќе го прашате за деталите во Ливерпул, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, тој ќе се сети детално#, објасни Камерон Тошак.
Како фудбалер, Џон беше член на легендарната генерација на Ливерпул која буквално освои сè од втората половина на 70-те години на минатиот век. Беше еден од најдобрите стрелци, постигна 96 гола на 247 натпревари за „Црвените“. Играше и за велшкиот Кардиф Сити и Свонси, каде што ја започна својата тренерска кариера.
Тошак зад себе има исклучително богата тренерска кариера.
По Свонси, тој ги тренираше Спортинг, Реал Сосиедад три пати (освојувајќи го Купот на кралот), Реал Мадрид (освојувајќи го шпанското првенство), Депортиво Ла Коруња, Бешикташ, Сент Етјен, Мурсија, Хазар Ланкаран, Видал Казабланка и Трактор, а беше селектор на неговиот роден Велс и Македонија.
