Top Sport

На повидок е скандал во ПСЖ поради „сомнителни“ гуми за џвакање!

Францускиот шампион, ПСЖ би можел да се најде во незгодна ситуација.

Според информациите на шпанската телевизија „Кватро“ францускиот клуб е под постојан мониторинг на анти-допинг агенција поради гумите за џвакање што играчите ги консумираат пред натпреварите. Сепак, најверојатно не се работи за обични гуми за џвакање.

Според наводите на истиот извор, истите тие гуми за џвакање ги користат американските војници, тие се без шеќер и освен што содржат витамин Б, имаат и 50 милиграма кофеин.

Џвакањето на овој производ наводна на играчите пред мечот им ја дава потребната енергија во најкраток можен рок. За разлика од консумацијата на кафе или енергетски пијалок кој почнува да делува дури по 30 минути, истиот ефект со „мастиките“ се прави по само 5 минути.

Според информациите на Шпанците, тие на тој начин го активираат нервниот систем и го намалуваат чувството на замор. Поради тоа, анти-допинг агенцијата овој производ го смести во т.н. сива зона.

Истите гуми за џвакање ги користеле и светските шампиони, фудбалерите на Франција на Мундијалот во Русија минатата година. Наводно, тогаш Фудбалскиот сојуз на Франција од овој прпизвод набавил 120 пакети.

Scroll to Top