Фудбалскиот клуб Милан има во план во летниот преоден рок да го донесе во своите редови играчот на Јувентус Даниеле Ругани.
„Калчомеркато“ пишува дека 25 годишниот фудбалер совршено се вклопува во буџетот на клубот. Милан планира да донесе дефанзивец што не е поскап од 25 милиони евра, а според проценките Јувентус за Ругани ќе бараат 20 милиони евра. На дефанзивецот Милан му понудиле годишна плата од три милиони евра.
Ругани оваа сезона, поради силната конкуренција, за Јувентус настапи на само седум натпревари.