Хосе Алварез Хаја, шпански новинар од „Ел Чирингито“, пишува за потенцијален мега трансфер кој би можел да биде комплетиран веќе во јануарскиот преоден рок.
Повикувајќи се на свои, неименувани извори, тренерот на Барселона Чави е голем фан на бразилскиот напаѓач Фирмино и ќе направи се за да го доведе во Каталонија.
На бразилскиот напаѓач (31) му истекува договорот со „црвените“ на лето и англискиот гигант ќе направи се за да го продаде во зима за да не си замине бесплатно. Дел од шпанските медиуми споменуваат можна размена во која Барселона би го испратила Мемфис Депај во Ливерпул.
Фирмино беше блиску до тоа да стане вишок на „Енфилд“ пред оваа сезона. Сепак, заминувањето на Садио Мане и повредите на Диого Жота и Луис Дијаз повторно го турнаа во прв план, а оваа сезона постигна седум гола. Сепак, доаѓањето на Коди Гакпо е уште еден доказ дека Ливерпул повеќе не смета на Бразилецот.