Колку и да негираат дека не размислуват за Нејмар, потезите што ги влечат челниците на Барселона го говорат спротивното. Сумата што треба да ја платат за Бразилецот е 200 милиони евра, што значи дека Барса треба да продадат неколку играчи за да соберат пари.
Медиумите во Шпанија во вечерта во петокот објавија дека клубот одобрил продажба на двајца фудбалери со цел да бидат собрани парите за Нејмар. Станува збир за Фелипе Кутињо и Иван Ракитиќ.
Целта е од трансферот на Кутњо да добија 100 милиони евра, а двојно помалку од трансферот на Ракитиќ. Останатото ќе го покрие клубот.
Прашање е само дали некој ќе плати 100 милиони за Кутињо со оглед на лошите 18 месеци што ги имаше Бразилецот во Барселона, додека за Ракитиќ нешто се прашува и тренерот Ернесто Валверде кој во ниту една комбинација не сака да остане без Хрватот.