Алесио Ромањоли пристигна „дома“ во Рим, пред медицинските тестови со Лацио, откако ќе потпише за римскиот клуб како слободен агент по крајот на договорот со Лацио.
По пристигнувањето на аеродромот Фиумичино, тој веднаш се фотографираше со дрес на „бјанкочелестите“, велејќи „Конечно!“. Ромањоли е роден во Анцио, во близината на Рим и цел живот е навивач на Лацио, иако произлезе од фудбалската школа на лутите градски ривали, Рома.
27-годишниот централен бек беше во Милан од 2015 година, одигрувајќи 197 меча и освојувајќи го скудетото минатата сезона, но поради низа повреди, „росонерите“ не му го продолжија договорот. Според италијанските медиуми тој ќе добие петгодишен договор со Лацио со годишна плата од 2.9 милиони евра.
Eccolo! #Romagnoli a #Fiumicino pic.twitter.com/YHpOZx7kdD
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) July 11, 2022