Top Sport

Белград му приреди спектакуларен пречек на Ѓоковиќ

Новокрунисаниот седумкратен шампион од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ доби херојски пречек во Белград, откако вчера во големото финале во Лондон со 3:1 во сетови го совлада Австралиецот Ник Кирјос.

Пред публиката собрана пред „Стари двор“, од балконот, Ѓоковиќ им се заблагодари на сите, велејќи дека ова се најдобрите моменти во неговиот живот.

„Ова се најубавите моменти во животот. Најблагодарен и најгорд сум кога тоа што сум го остварил можам да го прославам со својот народ. Прекрасни сте и ви благодарам што сте во голем број тука, со многу знамиња, многу млади и деца. Тоа ми го исполнува срцето. Ве сакам сите“, изјави Ѓоковиќ.

Scroll to Top