Никлас Бендер минатата година ја објави својата биографија, деновиве делови од книгата објавва „Гардијан“.
Интересен е делот во кој Бендер раскажува како на рулет изгубил голема сума пари за кратко време.
Бендер од 2005 до 2014 година играше во Арсенал, беше миленик на навивачите кои му го дадоа прекарот „Лорд“.
Во 2011 година заглавил во казино во Лондон.
„Бев премногу пијан за да седам на масата, но бев убеден дека ќе добијам. Црвено, црно, па нула. Колку тоа може да биде тешко? Како и секогаш рулетот поинако размислува и за 90 минути изгубив 400.000 фунти кои не ги имав, што значи дека морав да одам до банкоматот. Одам да се измијам и да земам уште 50.000 фунти за да се вратам во игра. Беше премногу ризично, но успеав да вратам де од парите“, напишал Бендер во својата биографија.
Бендер има 32 години и во моментов е без клуб откако поради коронавирусот му пропадна трансферот во Кина.