Top Sport

На Самп и Раниери никако да им тргне – Парма со минимална победа (видео)

Парма стигна до 1:0 победа на гостувањето кај Сампдорија, која останува екстремно блиску до зоната за испаѓање во италијанската Серија А пред градското дерби против Џенова следниот викенд.

Јурај Куцка им донесе водство на „Дукали“ уште во 21. минута, и и покрај обидите на Самп да стигне до позитивен резултат, на крајот ова беше конечен резултат. Фабио Кваљарела, кој лани блескаше за Сампдорија имаше совршена шанса да израмни, откако во 77. минута беше досуден пенал, но неговиот удар заврши само во рацете на голманот Луиџи Сепе.

По 15 кола, Парма е на осмото место со 21 поен, додека Сампдорија е 17-та со 12 поени, само еден поен пред градскиот ривал Џенова.

Scroll to Top