Top Sport

Убавината на премиерлигашкиот фудбал! Брајтон и Вулфс до 2:2 во само 16 минути (видео)

Брајтон и Вулверхемптон уште еднаш покажаа зошто англискиот фудбал е еден од најатрактивните на светот, откако одиграа 2:2 реми откако сите голови на мечот паднаа во период од 16 минути во првото полувреме.

Диого Жота во 28. минута донесе водство за „волците“, но Брајтон направи целосен пресврт за две минути, откако прво Нил Мопе израмни во 34. минута, за две минути подоцна Дејви Пропер да донесе 2:1 водство. Жота во 44. минута го комплетираше лудото прво полувреме со израмнување.

Вулфс остануваат шести на табелата со 24 поени, колку што имаат и петтопласираните Манчестер јунајтед, додека Брајтон се на 12. место со 19 поени.

Scroll to Top