Реал Мадрид забележа победа над Леванте 3-2 во четвртото коло во шпанскиот шампионат. Играчите на Зинедин Зидан имаа се во своите раце, а малку недостигаше да ја испуштат победата.
Фудбалерите на реал одиграа одлично прво полувреме, постигнаа три гола два постигна Бензема, а еден Каземиро. Покрај головите фудбалерите во бело може да постигнат уште три гола.
Реал во првиот дел максимално ја користеа затворената игра на Леванте со тројца играчи во последната линија.
Во вториот дел Леванте заиграа офанзивно, веднаш на стартот Борха Мјорал постига гол, а Мелеро во 75 минута намали на 3-2. Во 93 минута Левенте можеа да стигнат до бод, меѓутоа Куртоа брилијантно го одбрани ударот на Мајорал.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги одигра последните 30 минути на овој натпревар, додека исто толку минути на теренот за Реал мина Еден Азар. За Белгиецот ова беше деби на официјален натпревар за Реал.