Top Sport

Вињалес ќе стартува прв во Сан Марино (Видео)

Маверик Вињалес ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Сан Марино. Возачот на Јамаха го постави најбрзото време 1:32.265 и од првиот ред ќе ја започне трката заедно со сензацијата Пол Еспаргаро на КТМ и Фабио Квартараро на Петронас Јамаха.

Квалификациите на патеката „Марко Симончели“ беа успешни за Јамаха бидејќи во првите девет имаат четворица возачи. Покрај Вињалњс и Квартараро, тука се уште и на четвртото место Франко Морбидели (Петронас Јамаха) на четвртото и Валентино Роси (Јамаха) на седмото место.

Квалификациите го обележа малиот инцидент помеѓу „старите непријатели“ Роси и Марк Маркез во ситуација кога двајцата беа во својот последен летечки круг. Шпанецот направи грешка и веднаш на патеката му се извини на искусниот Италијанец.

Инаку, лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Маркез квалификациите ги заврши на петтото место.

Scroll to Top