Top Sport

На Сари му е смачено од напорниот календар: Имам среќа што сум блиску до пензија

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари не е задоволен од пренапорниот фудбалски календар, откако неговиот тим има проблеми со повредите пред гостувањето во Холандија кај АЗ Алкмар во Конференциската лига и вели дека има среќа што е стар и блиску до пензија.

Лацио загуби со 1:2 на „Олимпико“ и ќе има голем предизвик да ја надмине негативата во Холандија, и Сари беше обвинет дека нема доволно мотивација во Конференциската лига во споредба со настапите во Серија А.

„Единствен начин да одиме понатаму утре е да играме гладни и мотивирани. Сакам да победам на секој натпрвар, а тие кои заработуваат по стотици илјади евра немаат простор за алиби. АЗ Алкмар се одлични во контранападите и тоа веќе го видовме. Секогаш, пред добрите настапи во Европа, мораме да играме добро во Италија. Играме секои три дена од 3 јануари поради лудилото со Светското првенство и тоа носи повреди и слаб фудбал, но изгледа дека никому не му е грижа за тоа. Ниту тоа дека ќе играме на лош терен. И покрај тоа имаме и интернационална пауза. Барем имам среќа што сум стар и блиску до пензија“, вели Сари.

Scroll to Top