Германската фудбалска лига (DFL) планираше делумно враќање на навивачите на стадионите кога ќе започне новата сезона на средината на септември. Поради тоа во јули беше изработен и здравствен протокол.
Министерството за здравство на Германија денеска ја продолжи забраната за навивачи на фудбалските мечеви најмалку до октомври поради пандемијата на коронавирусот.
Рестартот на сезоната во Германија беше на средината на месец мај по прекин од повеќе од два месеци и тоа беше првата европска лига која го продолжи првенството според строги протоколи.
На почетокот на месецов 36 германски професионални клубови во првата и втора лига прифатија да играат по тој модел, за да се вратат навивачите на трибините. Сепак, до тоа нема да дојде, барем не до крајот на октомври.