Лондонски Арсенал со трофеј ја заврши минатата сезона, а со нов, во Суперкупот против Ливерпул ја започна новата сезона во Англија.
Кога сите помислија дека избраниците на менаџерот Микел Артета се на вистинскиот колосек, денеска, на загревањето пред првиот дуел од новата сезона во Премиерлигата меѓу Фулам и Арсенал – инцидент.
Главни актери беа Дани Себаљос и Еди Нкетија. При традиционалното загревање, двајцата „се закачија“ па соиграчите мораше да ги раздвојуваат за да не излезе поголем инцидент.
Се чини Артета ќе има што да им каже по денешниот меч на кој во моментов се игра второто полувреме, а по првите 45 минути „топчиите“ водат со 0-1 со голот на Лаказет.
Еве како изгледаше инцидентот: